• 55% од соораќајните несреќи кај младите се предизвикани за време на викендите од кои дури 21% во Сабота
  • 50% од младите лица од 21-24 годишна возраст кои настрадале поради брзо возење биле под дејство на алкохол
  • 36% од возачите со 17-18 годишно возачко искуство настрадале во сообраќајна несреќа поради брзо возење
  • 63% од лицата на возраст од 16 до 20 години кои погинале во сообраќајна несреќа не носеле заштитен појас
  • Користењето на заштитен појас ја намалува опасноста од здобивање на повреди од сообраќајни несреќи за 50%
  • Читањето на пристигната тексутална порака одзема во просек 5 секунди, кога би се движеле со брзина од 80км/ч би поминале растојание од едно фудбалско игралиште
  • При пишувањето пораки при управување со моторно возило 6 пати се поголеми шансите да резултира со сообраќајна несреќа наспроти возењето под дејство на алкохол
  • 1.6 милиони судари годишно се предизвикани од користење на мобилен телефон при управување со моторно возило
  • Кога автомобил кој се движи со брзина од 60км/ч удира во пешак, кај 9 од 10 пешаци таков удар би резултирал со смрт
  • 24% од сите смртни случаеви во сообраќајни несреќи се последица на брзото возење
  • Со секои 100 возачи кои умираат поради возење со зголемена брзина, умираат и 44 патници и 9 останати учесници во сообраќајот
  • 30% од жртвите во сообраќајни несреќи се предизвикани од возење под дејство на алкохол од кои што 60% помеѓу лица под 25 година
  • Човечка грешка е причина за 90% од сите сообраќајни несреќи
  • Повеќе од ¾ (77%) од жртвите во сите сообраќајни несреќи се мажи
  • 59 % од жртвите во сообраќајни несреќи се лица на возраст од 15 до 44 години
  • Од 20 до 50 милиони луѓе страдаат од не фатални повреди, но со многу настанати попречености како резултата на нивните повреди
  • Само 28 земји, кои претставуваат 416 милион луѓе(7% од светската популација) имаат адекватни закони кои се адресирани на сите 5 ризични фактори (брзина, возење под дејство на алкохол, кацига, врзување на појас и користење на седишта за деца)
  • Половина од жртвите во сообраќајни несреќи припаѓаат во категоријата на ранливи корисници на патиштата:пешаци, велосипедисти и мотоциклисти
  • 91% од сообраќајните несреќи во светот се од земјите со низок или среден приход,иако овие земји заедно имаат приближно една тртина од вкупната бројка на возила
  • Сообраќајните несреќи се најчестата причина за смрт помеѓу младата популација, од 15-29 години
  • Околу 1,24 милиони луѓе умираат секоја година како резултат на сообраќајни несреќи

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

© 2015 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media