Љубов и секс

10 најчести женски фантазии

6. јули 2011 - 11:37 |

Доколку мислите дека жените не фантазираат за палави нешта - се лажете. Барем кога станува збор за фантазирање, жените се експерти. Топ 10-те женски фантазии опфаќаат сè - од фетиши до тројки, а жените сакаат да отидат чекор подалеку од седење мирно и фантазирање.

Некои од жените остануваат на тоа да живеат во надеж дека нивните партнери ќе им ги исполнат фантазиите. Други, превземаат иницијатива да ги исполнат во пракса. Звучи интересно? Прочитајте ја листата на најчестите 10 женски фантазии која ја состави AskMen.com.

ДОМИНАЦИЈА (ТАА ДА ДОМИНИРА СО ВАС)
Жените сакаат голем и силен батка кој може квалитетно да ги раздрма. Но, една од женските фантазии е тие да го раздрмаат и „воспитаат“ токму истиот голем и силен батка. Сценариото опфаќа тој да биде под нејзина целосна контрола, додека таа ужива.

ДОМИНАЦИЈА (ВИЕ ДА ДОМИНИРАТЕ СО НЕА)
Напливот на метросексуалци е најмногу „виновен“ за оваа фантазија. Се чини дека модерните и независни жени сакаат вистински мажи кои не се плашат да го покажат нивниот тестостерон на дело. Жените фантазираат да ги „грабнете силно“ и да им ги „искинете гаќичките со заби“. Сакаат да ги почувствуваат вашите прсти низ косата и како ја тегнете за коса, сакаат да ги почувствуваат машките заби на нивните рамена, сакаат да бидат понизни - но само во спалната соба, надвор од неа се враќа машко-женската еднаквост.

ПРОФЕСОР/СТУДЕНТКА
На жените им се допаѓа идејата да бидат облечени како ученички и така да парадираат за задоволство на мажот. Но, многу од жените не застануваат тука и одат чекор подалеку со тоа што изиграваат палава студентка која ги провоцира додека не добие квалитетно „плескање“ од нејзиниот партнер.

СЕКС СО НЕПОЗНАТ
Сексот без обврски и за една вечер со непознат маж е нешто кое многу жени би сакале да го искусат, но многу од нив немаат храброст тоа да го направат. Како и да е, женското либидо доаѓа до точка на вриење од помислата на непознат и згоден маж кој им приоѓа во темен и зачаден бар кој ги води во неговата соба, а потоа следува жешка ноќ исполнета со секс.

ТРОЈКА СО УШТЕ ЕДНА ЖЕНА
Во денешно време не е нереално стрејт жените да легнат во комбинација со друга жена. Женската фантазија за тројка ретко вклучува сценарио вие да си играте со другата девојка додека таа ве гледа, бидејќи повеќето жени не сакаат да ги гледаат нивните мажи како се допираат со друга. Но, сценариото кое жените најчесто си го прават во глава е вие да сте во улога на воајер и да ја гледате како се милува со друга жена, а таа да може да искуси и нешто ново без да се плаши дека ќе бидете љубоморни.

ТРОЈКА СО ДВАЈЦА МАЖИ
Голем број жени фантазираат како истовремено имаат секс со двајца згодни мажи. Овие мажи во нивната фантазија се типични хетеросексуалци. Нејзината фантазија може да вклучува сценарио во кое едниот маж пенетрира во неа, додека другиот орално го задоволува. Некои одат и подалеку, па фантазираат за двојна панетрација.

ВОАЈЕРИЗАМ
Доколку сметате дека жените не сакаат да гледаат други луѓе кои имаат секс, тогаш сте сосема во заблуда. Жените сакаат да гледаат други луѓе кои имаат секс токму од истите причини како и вие: еротски е, возбудливо и табу е. Таа фантазира како низ прозор го ѕирка соседот, па дури и како гледа оргија во живо.

СЕКС ПОД ПРИНУДА
Фантазиите за секс под принуда се популарни помеѓу жените. Оваа фантазија вклучува згоден маж кој со сила ја носи во спалната соба и се „фрла на работа“ и ја кине нејзината облека, додека таа му се противи.

ЕГЗИБИЦИОНИЗАМ
Верувале или не, многу жени фантазираат како некој гледа додека таа има секс со вас. Посебно, фантазираат тоа да се случува на јавно место.

СТРИПТИЗЕРКА
На жените им се допаѓа идејата да се стават во улога на стриптизерка, но само пред нивниот партнер. Зошто? Вашето уживање во ваков перформанс и дава до знаење дека таа ви е привлечна, а вашата ерекција е потврда на ова.

Д.Л.

Коментирај