Филм & ТВ

Актерот Винс Вон уапсен за возење под дејство на алкохол

11. јуни 2018 - 14:42 | А.С.

Винс Вон вчера беше уапсен за возење под дејство на алкохол, потврди полицијата на Лос Анџелес.

Холивудскиот актер бил запрен од полициска патрола рано вчераутро во Лос Анџелес како дел од рутинска проверка за возење под дејство на алкохол.

Вон и неговиот сопатник исто така се товарат за пиење алкохол на јавно место и за пружање отпор и попречување на полициски службеник да ја обавува својата должност.

И двајцата биле приведени во полициската станица Менхетн Бич и потоа пуштени на слобода.

Инцидентот се случил на делницата меѓу Хермоса Бич и Менхетн Бич, јужно од Меѓународниот аеродром ЛА.

Портпаролот на полицијата изјави дека Вон немал физичка пресметка со полицајците, туку само ја попречувал истрагата.

Ова е прво апсење за Вон по обвинение за возење под дејство на алкохол.

Актерот познат по улогите во  филмови како „Dodgeball“ и „Wedding Crashers“, беше уапсен во 2001 година за тепачка во бар во која актерот Стив Бушеми беше избоден во лицето, грлото и раката откако интервенирал во тепачката меѓу Вон, сценаристот Скот Розенберг и уште едно лице.

Вон (49) беше уапсен за физички напад во тој инцидент, но обвиненијата подоцна беа повлечени.

Коментирај