Фит

Акупунктура за ефикасно слабеење

5. јули 2017 - 16:51 | А.С.

Древната кинеска техника акупунктура би можело да им помогне на луѓето кои сакаат да ослабат да намалат и до 7,2 килограми за само два месеци.

Истражувањето покажа дека 16 сеанси се доволни за да се изгубат килограмите без драстични промени во исхраната или напорна рутина на вежбање.

Истражувачите тврдат дека оваа требна техника на закачување игли во телото го стимулира лачењето на хормонот серотонин што има голема улога во контролата на апетитот и расположението, а ито така и ги рабива мастите.

Во истражувањето учествувале 72 лица поделени во две групи: контролна и група што седум недели добивала акупунктура. Терапевтите се фокусирале на точките на абдоменот, екстремитетите и ушите. Овие точки го обновуваат и хармонизираат протокот на енергија во цревата, со што ја трансформираат телесната течност.

Групата што примала третмани во просек игубила по 2,47 килограми, а еден од испитаниците изгубил 7,2 килограми.

Коментирај