Музика

Авичи погребан два месеци по смртта

13. јуни 2018 - 9:00 | М.Д.

Славниот шведски диџеј Тим Берлинг, во јавноста уште попознат како диџеј Авичи, погребан е во приватна церемонија за семејството и најблиските пријатели на музичарот во родниот град Стокхолм.

„Погребан е минатиот петок во присуство на семејството и најблиските пријатели“, изјави публицистката Еба Линдквист.

Американскиот музичар Џеси Вејтс на социјалните мрежи објави фотографија од лист со ноти, врз кои е испишано вистинското име на Авичи.

Берглинг почина во април во хотелска соба во Оман, каде се наоѓаше на одмор.

Според пишувањата на американските медиуми, тој почина поради загуба на голема количина на крв, откако се исече со стакло од скршено шише.

Неговото семејство кон крајот на април објави писмо за јавноста, во кое пишуваше дека Тим не можел „повеќе да издржи“, па светските медиуми почнаа да шпекулираат дека станува збор за самоубиство, иако официјалната причина за смртта се уште не е објавена.

Коментирај