Живот

Били Боб Торнтон откри зошто не му успеа бракот со Анџелина Џоли

14. ноември 2016 - 11:32 | И.М.

Актерот Били Боб Торнтон беше во брак со Анџелина Џоли, во периодот 2000-2003 година. Тие имаа јавна врска и покажување на емоции и страст што правеше да изгледа како да се создадени еден за друг. Но реалноста воопшто не била таква, открива Торнтон.

Во интервју за GQ актерот и сценарист вели дека тој и Џоли биле доста различни, а неговата несигурност влијаела на крајот на бракот.

„Додека јас седев дома гледајќи спортски натпревари, таа се среќаваше со политичари, хуманитарци и агенции за посвојување“, вели Торнтон. Поради нејзината амбициозност се чувствувал несигурен и вели дека никогаш не му било удобро крај многу богати, важни и битни луѓе.

„Никогаш не се чувствував доволно добар за неа“, вели Торнтон.

Иако се разведени повеќе од една декадa, тие имаат пријателски односи и се слушаат на неколку месеци.

Торнтон беше втор сопруг на Анџелина Џоли, која во моментов поминува низ развод со нејзиниот трет сопруг, Бред Пит.

Коментирај