Живот

Бизарно невреме во Кина: Град, морски ѕвезди и ракови паѓаа од небото

18. јуни 2018 - 15:11 | М.Д.

Морски ѕвезди, ракови и град со величина на тениски топчиња паѓаа од небото за време на бизарно невреме, кое се случи во кинескиот град Куингдао.

Неверојатни фотографии со ракчиња и морски ѕвезди кои паѓаат на автомобили објавуваа корисниците на социјалните мрежи во Кина, пренесува „Independent“.

Поединечни корисници на Twitter овој феномен го нарекоа и „дожд од морски плодови“.

Се објавуваа и фотографии од град со величини на тениски топчиња, а тој им нанесе голема штета на тамошните згради и автомобили.

Поединечни корисници објавуваа и хумористични слики, како фотографии со октоподи, за кои на крајот сепак излезе дека се лажни.

„Independent“ пренесува дека до „дождот“ од морски суштества дошло така што невремето ги „впивало“ од океаните и ги фрлало на улиците, но има и друга теорија, според која невремето ги расфрлало од околните пазари на патиштата.

Коментирај