Авто новости

BMW ги тестира можностите на новиот модел X3 M

17. мај 2018 - 15:27 | М.Д.

После претставувањето на третата генерација на моделот X3, BMW го стави фокусот на неговата спортска верзија.

Во меѓувреме, на интернет се појави видео со снимки од предпродукциското BMW X3 M, за време на тестирањето на стаза во Нирбургринг.

Се верува дека M варијантата на овој SUV модел на BMW се движи со помош на 3.0 литарски твин-турбо мотор со шест цилиндари.

Овој агрегат располага со повеќе од 450 коњски сили, а силата се пренесува на сите четири тркала.

Се шпекулира и дека BMW подготвува варијанта Competition, чиј мотор ќе произведува околу 475 коњски сили.

Се очекува BMW X3 M да има своја премиера до крајот на годината, а верзијата Competition кон почетокот на 2019 година.

Коментирај