Живот

Британците бесни - принцот потрошил 37.000 фунти народни пари во еден ден

13. јуни 2018 - 15:09 | А.С.

Британците се бесни поради однесувањето на еден од британските принцови откако се дозна дека користел приватен авион за пат од нешто повеќе од 200 километри, платен од џебот на британските даночни обврзници.

Принцот Едвард, најмладиот син на кралицата Елизабета Втора, патувал со приватен авион на настан за одбележување на 1.100-годишнината од смртта на англосаксонскиот владетел Етелфлед и тоа ги чинеше Британците 37.000 фунти во еден преавец.

Билет за воз во прва класа ќе го чинел околу 250 фунти.

„Ова е отворена злоупотреба на народните пари. Да е во прашање член на Парламентот сега ќе беше во голема неволја“, изјави Греам Смит од антимонархистичкото здружение Република.

„Војводата од Весекс учествуваше во тридневната програма. Како и секогаш, при планирање на вакви патувања се зема предвид и обезбедувањето, заштедата на време и одбегнување да се поремети сообраќајот за останатите граѓани“, тврдат од кралската палата.

Коментирај