Здравје

Четири видови на мрсна храна кои би требало да ги користите во исхраната

12. декември 2017 - 16:57 | М.Д.

Маснотиите долго беа на списокот на видови на храна која треба да ја избегнуваме, но нови истражувања покажаа дека многу од нив имаат поволно дејство по нашето здравје.

Всушност, постојат намирници кои се толку добри, што без разлика на тоа што се богати со маснотии, би требало да ги консумирате почесто, велат експертите.

Сланина

Висококвалитетната сланина, која е добиена од органски одгледано месо е полна со колин, кој се покажа како добар партнер во борбата против Алцхајмеровата болест и некои други хронични ментални болести. Покрај тоа е добар извор и на различни витамини на Б комплекс, како и цинк. Овие хранливи материи помагаат во производството на серотонин, кој ја намалува анксиозноста.

Путер

Нутриционистички гледано, путерот е многу поздрав извор на маснотии отколку тоа што луѓето го мислат, а посебно ако доаѓа од органско млеко. Ваквите количини на млечни маснотии содржат голема концентрација на витамин К2, кој му помага на телото да го искористи калциумот на правилен начин.

Жолчка од јајце

Прескокнете го омлетот и јадете жолчка од јајце. Ова е уште една запоставена храна, а која претставува неверојатен извор на витамини А, Б и селен.

Црна чоколада

Истражувањата покажаа дека некои видови на чоколада можат да го заштитат срцето. Со консумацијата на чоколада се подобрува циркулацијата и се унапредува здравјето на срцето. Тоа може да се постигне со две лажички какао или 50 грама темна чоколада, која содржи најмалку 70 до 80 отсто какао.

Коментирај