Љубов и секс

Четири знаци дека претерувате со мастурбирање

23. мај 2018 - 18:31 | А.С.

Мастурбацијата не само што е начин да се одржи телото во форма, туку тоа и го одржува сексуалниот нагон на високо ниво - колку повеќе оргазми доживува организмот, толку повеќе сака да ужива во сексот.

Има неколку митови поврзани со мастурбирањето, а најчестиот е оној од тинејџерските денови, дека може да ослепеш или да предизвикаш еректилна дисфункција од мастурбирање (за мажите)  или дека може да се јави сексуална дисфункција (кај жените).

Не се секирајте, ништо од ова нема да ви се случи како последица од мастурбација.

Напротив, мастурбирањето ви помага подобро да го осознаете вашето тело, вашите сексуални потреби и дразби, што ќе и помогне во постигнување сексуално задоволство со партнерот.

Исто така, мастурбацијата може да помогне во ослободување од стресот, особено во моменти кога немате партнер/ка.

Меѓутоа, сѐ што е претерано е лошо, па така и со сексуалното самозадоволување. Ова се четири знаци дека сте претерале со мастурбирање и дека работите излегле од контрола:

Болка

Уролозите велат дека неои мажи толлку мастурбираат што успеваат да се самоповредат. Некои повреди се површински, како иритација на кожата, а други може да бидат посериозни и да предизвикаат пореметување на ерекцијата. Ако почувствувате болка за време на мастурбирањето, прекинете и посоветувајте се со лекар.

Сексуални проблеми

Повеќето мажи при мастурбирање често користат исти потези со раката или гледаат одредени видови порно за стимулација. Мозокот го памти тоа и ако мастурбирате премногу често може да се јават проблеми со постигнување задоволство и оргазам кога имате секс со партнерка бидејќи нема да ви бидат „поклопени сите точки“. Може да ви се случи да имате проблеми со постигнување и одржување ерекција.

Ви пречи во секојдневниот живот

Ако сте почнале да „заглавувате во веце“ на работа, доцните на состаноци или одбегнувате друштво бидејќи сте се „заборавиле од мастурбирање“, тоа е веќе сериозен проблем. Кога мастурбирањето ќе почне да влијае на вашиот социјален и работен живот, наместо да ви биде здрава разонода, стиснете „пауза“.

Постојано мислите на тоа

Ако фантазирањето за омилената сцена од порно филм или планирањето на следната сесија мастурбирање ви го одвлекува вниманието од останатите работи во животот, најверојатно сте развиле зависност од мастурбирање и треба да побарате професионална помош.

Коментирај