Мобилни

Дали би го купиле овој iPhone X од 34.000 евра?

20. ноември 2017 - 20:19 | А.С.

Ако мислите дека 1.000 и нешто евра се многу за новиот iPhone X, тогаш не сте ја виделе оваа верзија.

Познатата руска компанија „Caviar“ продава ограничена серија на овој ексклузивен iPhone по цена од 34.000 евра по парче.

Серијата се вика iPhone X Imperial Crown и надворешноста е излиена од злато и украсена со 344 дијаманти, 30 рачни гравури и 14 големи рубини. Сѐ е спакувано во луксузна кутија на која може да напишете посвета.

Верзијата на моделот е сепак послабата, онаа со 64 GB меморија, но што е тоа важно, ако имате да „искеширате“ 34.000 евра за телефон.

Серијата содржи само 99 парчиња на кои го има рускиот грб и огромен натпис „РУСИЈА“ што доминира во долниот заден дел.

Што мислите вие, вреди за 34.000 евра?

Коментирај