Здравје

Дали се лечи зависноста од интернет?

20. ноември 2017 - 18:24 | А.С.

Кога зборуваме за болести на зависност, најчесто се помислува на завиност од супстанци како дрога или алкохол, или зависност од чувството на возбуда како секс или коцкање. Меѓутоа, модерното време донесе уште една модерна зависност: интернет.

Иако зависноста од интернет е во зачеток и за почеток ги погодува пред сѐ помладите генерации, сѐ почесто ги погодува и оние над 25-26 години, а ни пензионерите не се поштедени од оваа модерна болест.

Бидејќи сѐ е на интернет, речиси и да нема област што не е опфатена и затоа има сѐ повеќе корисници, а со тоа и зависници.

Интернет зависноста е најверојатно единствената зависност во чие лечење предметот на зависност не се исклучува. Поентата е токму во тоа да му се покаже на зависникот дека интернетот е нешто што треба да се користи само ако е целисходно и со мерка. Интернетот е неизбежна и важна работа во секој сегмент од модерното живеење, но битно е само да се научи зависникот дека треба да го користи само во тие цели.

Пациентите главно не се враќаат на терапија откако ќе завршат со програмата бидејќи сфаќаат дека може слободно и без да се напнуваат да го користат интернетот само кога им треба, велат експертите во оваа област.

Иако интернет зависноста најчесто нѐ потсетува на играње онлајн игри, не станува секогаш збор за тоа.

Има различни видови на интернет зависност: онлајн коцкање, сајбер секс, зависност од сурфање на разни веб-страници... Она што треба да биде многу јасно е дека симптомите што укажуваат дека некоја личност е зависна од интернет е кога таа личност го поминува поголемиот дел од слободното време во виртуелниот свет, го запоставува социјалниот живот, а при обид да се прекине пристапот до интернет станува иритабилна.

Ако тоа лице, без ралика дали е дете, тинејџер или ворасна личност, ја негира состојбата, се правда, влегува во расправија со членовите на семејството или колегите на работа на оваа тема, тогаш недвосмислено постои проблем.

Покрај овие симптоми, како и кај другите зависности, интернет зависноста доаѓа и со „пакет“ здравствени проблеми, како главоболки, болка во грбот, а понекогаш и депресија и анксиоозност.

Коментирај