Живот

Дали знаевте дека навистина можете да му пратите писмо на Дедо Мраз?

12. декември 2017 - 14:31 | М.Д.

Секоја година оваа гратче добива повеќе од 20.000 писма упатени кон Дедо Мраз. Во градот Санта Клаус во сојузната американска држава Индијана за време на божиќните празници премногу се работи.

Група на волонтери, познати како „џуџиња“, секоја година вредно одговараат на секое писмо од сите краеви на светот, интересно е дека поштарите им ги доставуваат дури и они писма кои немаат адреса, туку се само со наслов „За Дедо Мраз“.

Неуморните „џуџиња“, кои се група околу 300 луѓе, одговараат на секое писмо, а понекогаш добиваат дури и по 2.000 писма на ден.

„Неверојатно е да ги направите децата среќни“, вели 86-годишната Пет Коч, главното џуџе во градот. Таа се занимава со пишување на одговори уште од својата 11 година.

„Седиме овде, се смееме и плачеме, ни пристигнуваат навистина интересни писма“, раскажува Коч.

Состојбата можела да биде сосема поинаква во случај овој град да го задржал своето оригинално име, Санта Фе.

Кога во 1850 година неговите жители побарале сопствен поштенски број, настанал проблем. Веќе постоел град Санта Фе во Индијана, а државата не дозволила два идентични поштенски називи.

Тогаш овој Санта Фе бил принуден да го промени името. После многу јавни дискусии и помалку кавги, овој град го добил името Санта Клаус.

Со години писмата упатени кон Дедо Мраз започнале да пристигнуваат во поштата на овој град, а од 1914 година почнала и праксата на испраќање одговори.

На почетокот станувало збор за мал број на писма, па за нивно одговарање не бил потребен некој претеран труд, меѓутоа како што времето поминувало, бројот на волонтери се зголемувал.

Денеска испраќањето на одговори е сериозна работа.

Секој одговор кој го испраќаат е пишуван рачно и е посебно испратен до личноста која му пишувала на Дедо Мраз, без разлика дали станува збор за дете или возрасна личност.

Волонтерите кои се занимаваат со оваа работа, некогаш и со часови патуваат за да ја извршат преземаната должност.

„Понекогаш мајките ќе ни раскажат колку среќен бил изразот на лицето на нивните деца кога добиле одговор од Дедо Мраз. Тоа е наша најголема награда“, вели волонтерката Пет.

Коментирај