Македонија

Директна авионска линија од Доха за Скопје

17. јули 2017 - 12:13 | Макфакс

Авиокомпанијата „Катар Ервајз“ од денеска воспоставува директна авионска линија од Доха за Скопје. Новата авиолинија ќе биде промовирана со пристигнувањето на првиот авион од Доха на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Во петокот на скопскиот аеродром, ТАВ Македонија промовираше уште три нови авиолинии и тоа до Малта, Рим и Ваксјо.

Со воведувањето на новите авиолинии и зголемувањето на фреквенциите на постојаните рути на двата аеродрома во Македонија се очекува зголемување на бројот на патници и пораст на авиосообраќајот во втората половина од годинава.

Во првите шест месеци од годинава забележан е пораст од шест отсто на бројот на патници споредено со истиот период минатата година, или на двата македонски аеродрома, скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“, од јануари до јуни поминале вкупно 860.130 патници.

Коментирај