Хроника

Две момчиња загинаа во сообраќајка во струмичко Петралинци

12. август 2018 - 11:18 | МИА

Струмица, 12 август 2018 (МИА) - Две момчиња на 14 и 15 годишна возраст го загубија животот во сообраќајна несреќа која, десет минути по полноќ, се случила на влезот во струмичкото село Петралинци.

До несреќата дошло откако се судриле патничко возило Alfa Romeo управувано од Д.М. (28) од Струмица и моторцикл на кој се возеле двете момчиња од село Дрвош. 

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица, а телата се предадени на обдукција.

Коментирај