Кошарка

Џеј Зи е новиот претседател на кошаркарскиот оддел на Puma

19. јуни 2018 - 18:36 | К.З.

Раперот Џеј Зи продолжува со зајакнување на неговата бизнис империја, овојпат пливајќи кон спорските води. Од вчера, тој е претседател новооформениот оддел во германската компанија, наречен Puma Basketball.

Овој потег доаѓа по официјалната објава од раководството на компанијата дека тие потпишале договор со младите кошаркари Деандре Ејтон, Марвин Бегли III и Жаир Смит, кои се очекува да бидат Топ 10 пикови на претстојниот НБА драфт.

„Соработуваме со Roc Nation веќе неколку години и тие се одличен партнер“, вели Адам Петрик, глобалниот амбасадор на брендот Puma.

Во работните задачи на новата функција на Џеј Зи е вклучен неговиот инпут во полето на потпишување со нови кошаркари и заштитни лица, како и советување околу дизајнот, маркетингот и продажната линија на производите на Puma.

„Она што него му е најбитно е нашето инсистирање да потпишеме со кошаркари како Деандре Ејтон и Марвин Бегли III, кои ќе дадат до знаење дека Puma e заинтересирана за кошаркари од највисок калибар, подготвени да се натпреваруваат на врвно ниво“, додава Петрик.

Деандре Ејтон се очекува да биде првиот пик на драфтот кој ќе се одржи неделава и многумина го споредуваат со млад Шекил О'нил. Бегли, од друга страна, би требало да биде Топ 5 пик на драфтот и од него се очекува да има многу успешна кариера.

Коментирај