Филм & ТВ

„Game of Thrones“ освои најмногу номинации за наградата Еми

13. јули 2018 - 10:54 | М.Д.

Хит серијата на HBO, „Game of Thrones“, ја предводи трката за освојување на овогодинешната Еми награда, најпрестижната американска телевизиска награда, за која оваа серија има дури 22 номинации.

По „Game of Thrones“, која води со најмногу номинации, следуваат сатиричката серија „Saturday Night Live“ и серијалот на HBO, „Westworld“, со по 21 номинација.

Најмногу номинации како стриминг сервис собра Netflix, вкупно 120, а потоа следува HBO со 108, па NBC со 78 номинации.

Свеченото доделување на наградите ќе се случи во Лос Анџелес на 17 септември.

Откако минатата година, поради тоа што подоцна се емитуваше серијата „Game of Thrones“, не беше во конкуренција освојување на наградата Еми, оваа година ќе се натпреварува за титулата најдобра драмска серија. 

Во трката за наградата ќе се натпреварува со научно-фантастичната серија „Stranger Things“ (Netflix), семејната драма на NBC, „This is us“ и футуристичкиот серијал „Westworld“.

Коментирај