Софтвер

Google годинава ќе изгуби 50 милиони долари заради „Fortnite“

12. август 2018 - 11:52 | К.З.

Кога мегапопуларната игра Fortnite Battle Royale беше лансирана за Android уредите, креаторите наместо на Google Play Store ја понудија на Epic Games за играчите да можат директно да ја симнат. Поради нивната одлука, Google годинава ќе изгуби 50 милиони долари.

Повеќето апликации и игри го немаат луксузот да одберат сопствен ланец на дистрибуција бидејќи понудата на Google Play Store е многу значајна за нивната работа. Меѓутоа, од Epic Games веруваат дека нивната игра ќе биде доволно популарна за да ги привлече сите заинтересирани луѓе до нивната службена веб страна, што се покажа како точно.

Откако се стекна со голема популарност, Fortnite пристигна на Apple App Store. Овој процес го чинеше Google повеќе од 50 милиони долари во 2018 година, пренесуваат странските медиуми.

Имено, од моментот кога беше промовирана апликацијата, Fortnite заработи повеќе од 180 милиони долари преку iOS уредите, на кои е достапна од 15 септември, пред да почне да се шири преку милионите корисници на App Store. Според податоците од Sense Tower, Fortnite му донесе на Google преку 54 милиони долари благодарение на дистрибуцијата на апликацијата преку интернет продавницата на американскиот технолошки гигант.

За само една година постоење играта Fortnite собра 125 милиони регистрирани корисници. Повеќе од 40 милиони луѓе играат Fortnite барем еднаш месечно.

Коментирај