Живот

Гордон Ремзи открива три знаци по кои ќе препознаете дали некој ресторан е добар или лош

18. мај 2018 - 9:43 | М.Д.

Славниот готвач Гордон Ремзи открива три знаци, според кои е најлесно да се препознае дали станува збор за добар или лош ресторан.

За време на снимањето на серијата „Kitchen Nightmares“, која комбинирано доживеа дури 14 сезони, искусниот готвач развивајќи ја оваа единствена вештина, научил како да предвиди дали во некој ресторан ќе добие ужасен оброк и пред воопшто да биде послужен.

„Една работа која секогаш ме предупредува е кога ќе влезам во некој ресторан и веднаш ќе добијам маса. Кој било добар ресторан мора да биде 98 отсто полн. Ако влезете во некој ресторан и веднаш добиете маса, нешто не е во ред со тој ресторан“, вели Гордон.

Покрај тоа, Ремзи вели дека еден ресторан не може да има 27 специјалитети, туку би требало да има едно или две посебни јадења во текот на денот.

„Ако имаат 27 специјалитети, по што се посебни?“, се запраша славниот готвач.

Како трет знак кој го наведе е „супа на денот“, истакнувајќи дека лошите ресторани два дена по ред ќе имаат ист репертоар во оваа категорија.

Коментирај