Македонија

Груевски: Да сакав да избегам од обвиненијата на СЈО ќе избегав

10. јули 2017 - 15:39 | Макфакс

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговори на новинарско прашање дали можеби планирал да бега надвор од државата за обвиненијата на СЈО.

„СЈО година и пол објавува дека ќе добиеме обвиненија, за Титаник го зборуваат обвинението година и пол, во меѓувреме кој знае колку патувања имав и се вратив од патувањата. Само во јуни имав кратки патувања во 4 до 5 држави од кои се вратив. Ако сакав да избегам, можев да избегам, знаев дека или на 28 или на 29 или на 30 јуни СЈО ќе одржи прес и ќе ги поднесе овие обвиненија без никакви докази, така што не ми паднало на памет да бегам“ изјави Груевски кој денеска беше во посета на Битола.

Коментирај