Фудбал

Хрватска во финале без среќните црни дресови

13. јули 2018 - 11:40 | А.С.

Финалето на Светското првенство 2018 Хрватска нема да го игра во црните дресови во кои играше кога стигна до финале.

ФИФА ја одреди Франција како домаќин на финалниот натпревар, па Погба и неговата екипа ќе играат во темносини дресови, а Хрватите ќе се вратат на црвено-белите коцки, дресот во кој играше против Нигерија и го отвори првенството.

Во црните дресови, капитенот Лука Модриќ и репрезентацијата на Хрватска ги победија Аргентина со 3:0, Исланд со 2:1, Данска и Русија на пенали и Англија на продолженија со 2:1, додека во црвено-белите дресови ја славеа победата над Нигерија.

На финалниот натпревар во недела во Москва ќе суди Аргентинецот Нестор Питана.

Коментирај