Музика

Хрватски фотограф објавува досега невидени фотографии од Дејвид Боуви

8. јуни 2018 - 9:51 | М.Д.

Легендарниот хрватски фотограф Јадран Лазиќ овој викенд во Холивуд, во рамките на изложбата „Unfiltered“, ќе објави досега невидени фотографии во јавноста од покојниот легендарен музичар Дејвид Боуви.

Изложбата која ќе се одржи утре, на 9 јуни, веќе крена голема прашина во музичката индустрија, што не е воопшто чудно, бидејќи светот за прв пат ќе види досега никогаш необјавени фотографии од музичката икона.

Покрај Лазиќ, фотографот со хрватско-американска адреса на живеење, фотографите Сузан Алисон, Дерик Грин и Артур Горсон на споменатата изложба ќе објават досега невидени фотографии од Мик Џегер, Стивен Тајлер, Џони Деп, Боб Марли, Пол Мекартни и многу други, но публиката со најголемо нетрпение ги очекува токму фотографиите од Боуви.

Во прилог погледнете некои од досега невидените фотографии од Дејвид Боуви, кои се дело на хрватскиот фотограф Јадран Лазиќ:

Коментирај