Свет

И Италија стравува од мешање на Русија во изборите

21. февруари 2018 - 8:51 | М.Д.

Функционерите на италијанската влада предупредија на можност од мешање во изборите од страна, кои во таа земја ќе бидат одржани на 4 март.

Тој заклучок го донеле откако на популарни италијански сајтови биле објавени наводни лажни вести со руски извори.

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони, во вторникот го објави годишниот безбедносен извештај во кој се укажува на заканата од исламски екстремизам, но и предупредува на „кампања во цел на вршење на влијание“ на интернет, чија цел е „да ги промени чувствата и политичката ориентација на јавното мислење, посебно во време на избори“.

Во безбедносниот извештај не се споменува Русија, но американски и италијански аналитичари со месеци предупредуваа дека европските избори се главна мета на Русија, при што, како што тврдат, изборите во Италија се посебно погодни за таа прилика, бидејќи двете главни опозициони партии одамна негуваат промосковски врски, пренесуваат тамошните медиуми.

Коментирај