Вести

IBM го произведе најмалиот компјутер на светот

20. март 2018 - 11:54 | М.Д.

Компанијата IBM, на конференцијата IBM Think 2018, која се одржа оваа недела, го претстави најмалиот компјутер на светот.

Тој има процесор со слична сила како и компјутерите од деведесеттите години на минатиот век и е наменет за следење на испорака на роба, детектирање на кражби, измами и извршување на единствени задачи, како што е сортирање на податоците кои ќе ги добие.

Се состои од неколку стотици транзистори, кои му овозможуваат да ги следи, анализира и да реагира на податоците.

Можеби една од најинтересните работи во врска со овој производ на компанијата IBM, е фактот дека неговото производство чини до 10 центи по парче.

Според тврдењата на функционери на оваа компанија, за нив ова е само почеток, бидејќи слични компјутери ќе станат дел од уредите и системите во иднина.

Експерти од IBM моментално тестираат прототип, па се уште не е познато кога овој уред ќе се најде во масовна употреба.

 

Коментирај