Филм & ТВ

Идрис Елба на Twitter „случајно“ потврди дека тој е новиот Џејмс Бонд?

12. август 2018 - 16:38 | К.З.

Британскиот актер Идрис Елба, кој во моментов е еден од најбараните актери во Холивуд, денеска на неговиот Twitter профил на некој начин потврди дека тој ќе го наследи Даниел Крег и ќе биде новиот Џејмс Бонд.

Елба на Twitter објави слика покрај која напиша „Моето име е Елба. Идрис Елба“ и со тоа предизвика возбуда кај фановите на франшизата „James Bond“, поради тоа што алудираше на реченицата која тајниот агент често ја изговара.

Овој твит доаѓа само неколку дена по коментарите на продуцентката на франшизата, Барбара Броколи, која најави дека вратите се отворени за актер кој не е белец да ја преземе улогата на Џејмс Бонд.

Во интервјуто, Барбара наведе дека Идрис Елба лесно би можел да се подготви за улогата на Џејмс Бонд, но му треба малку вежбање, бидејќи тајниот агент треба да биде лик со силно физичко присуство. Според неа, Елба го има физикусот за да влезе во улогата, само треба да поработи на неговото тело.

Коментирај