Чек дис аут

Интернет сензација: Ракун се искачи на зграда висока 23 ката

13. јуни 2018 - 19:51 | А.С.

Денеска фокусот на интернетот беше насочен кон еден мал храбар ракун кој неверојатно се искачи по фасадата на зграда во Минесота висока 23 метри.

Откако прв пат беше забележан, ракунот за кратко време стана сензација на интернет и доби свој профил на Twitter и легии обожаватели кои го величаат како херој.

Локалните медиуми и случајни минувачи будно го следеа секој чекор на ракунот кој се чинеше не е потресен од ситуацијата во која се наоѓа, па дури и се одмори попатно и се избања.

Ракунот успеа да се искачи сѐ до покривот каде беше фатен од службите за заштита на диви животни кои рекоа дека ќе го пуштат на слобода.

Авантурата на ракунот резултираше со бројни шеги на социјалните мрежи.

Коментирај