Живот

Јапонска железничка станица повторно се извини, возот дојде 25 секунди порано

17. мај 2018 - 17:29 | М.Д.

Јапонска железничка станица јавно им се извини на своите патници, откако возот тргнал од станицата 25 секунди порано. Ова е втор таков случај во последните неколку месеци.

„Нема оправдание за големата непријатност која им ја приредивме на нашите патници“, вели возачот на возот, кој во петокот по грешка помислил дека возот од станицата Нотогава треба да тргне во 7:11, наместо во 7:12 часот.

Својата грешка ја забележал дури откако ја затворил вратата.

Иако можел повторно да ја отвори, сепак се одлучил да тргне порано бидејќи не забележал никого да чека на станицата.

Јапонските возови се познати по својата точност и професионалност, па на крај сепак заклучиле дека имало патници кои се надевале дека ќе успеат да го стигнат возот.

Откако задоцнија, тие упатија жалби кон возачот, кој потоа испрати јавно извинување.

Слична ситуација се случи и во ноември минатата година, кога експресен воз во Јапонија тргна 20 секунди порано.

На социјалните мрежи веднаш се појавија шеги на сметка на извинувањето на железничката станица во Јапонија, поради доцнењето на возот од 25 секунди.

Коментирај