Живот

Каде ќе пиете најевтино, а каде најскапо кафе низ светот?

12. јуни 2018 - 19:51 | А.С.

Швајцарската банка и компанија за финансиски услуги UBS (United Bank of Switzerland) во рамките на големото годишно истражување за цените и заработката, меѓу другото ги испита и цените на кафето во различни градови ширум светот.

Во истражувањето биле опфатени цените на стандардна шолја црно кафе без млеко и шеќер.

Главниот град на Катар се најде на врвот на листат со најскапо кафе, каде во просек треба да издвоите 5,47 евра за една шолја кафе.

Копенхаген е на второ место со кафе од 4,98 евра, а по него следат Дубаи со 4,87 евра и Цирих со 4,26 евра.

Листата продолжува со Шангај (3,93 евра), Пекинг (3,78 евра), Виена (3,71 евра) и Москва (3,67 евра), додека едно кафе во Њујорк ќе ве чини 2,67 евра.

Најповолни цени имаат Мумбај со 0,90 евра за шолја кафе, Рим со 0,85 евра, Лисабон 0,63 евра и Лагос 0,53 евра.

Коментирај