Живот

Како да бидете посреќни на работа?

21. мај 2017 - 15:34 | А.С.

Ако сте од оние луѓе кои доаѓаат на работното место, ги завршуваат обврските и ги бројат минутите до крајот на работното време, има начин како да го смените тоа.

Притисокот од обврските и незадоволството од други аспекти на вашиот живот може да се одразат на нивото на среќа и задоволство што го чувствувате како вработен. Сепак, поминуваме најмалку 8 часа на работното место, па потрудете се тоа да бидат убави моменти за вас.

Според едно истражување на Gallup, само 13% од вработените луѓе уживаат во времето поминато на работа и се чувствуваат како да постигнале нешто. За да станете дел од тие луѓе, направете ги овие три промени и многу повеќе ќе уживате во работниот ден. Принципот се вика 5-3-1 и се состои од следниве методи:

Медитирајте 5 минути дневно

Најважно е пред сѐ да одвоиме пет минути од работниот ден за медитација. Почнете полека, најдете го вашиот начин за медитирање. Исклучете се од технологија, од колегите, од бучавата. Најдете мирно место каде можете најмалку пет минути да се концентрирате на длабоко дишење. По 30 дена практикување на овој метод ќе забележите подобрување на концентрацијата и поголема смиреност на работното место.

Запишете 3 добри работи што ви се случиле

Може да си го подбрите расположението со тоа што ќе се потсетите на добрите работи што сте ги направиле или ви се случиле. Позитивната афирмација го тренира мозокот да се фокусира на позитивното и да го пренесе на сѐ околу вас. Кога сте незадоволни, автоматски се насочувате само на лошите работи и ги повторувате додека не ве опседнат. Верувајте во позитивното во вас и околу вас.

Направете едно добро дело

Великодушноста кон другите луѓе прави и ние да се чувствуваме подобро. Начинот на кој функционира позитивната психологија е што колку повеќе правите за другите, толку подобро ви се враќа. Овие добри дела мора да се искрени и конкретни за да ја постигнат својата цел. Не мора да сте омилениот колега/колешка на работа, но секогаш може да дадете сѐ од себе да бидете пријатни, конструктивни и професионални.

Коментирај