Фит

Како да си го олесните вежбањето во лето?

5. јули 2017 - 17:40 | Л.Е.
Можеме со сигурност да кажеме дека пукна летото, но жегата знае скапо да не чини ако се решиме да вежбаме само за да се рече оти сме вежбале. Секоја форма на физичка активност се чини дупло потешка во лето, но затоа постојат неколку трикови кои ќе го олеснат потењето. 
 
 
Од исклучителна важност е да бидете мошне флаксибилни за тоа кога ќе вежбате во текот на денот. Внимавајте на временската прогноза и зацртајте си кога ќе вежбате врз основа на тоа кога е најсвежо во денот што значи дека не се препорачува секое утро да трчате ако времето секое утре е сѐ пожешко и пожешко. 
 
Одвојте пари за квалитетна опрема за вежбање која нема дополнителн да го загрева ваѓето тело. Опремата не треба да ве прави убави туку да ви го олесни вежбањето.
 
Можеби ќе ви звучи чудно но истуширајте се пред да вежбате, а ако ја намокрите косата само врзете ја и излезета надвор. На овој начин сте го оладиле телото и првичната температура му е значително поладна од вообичаената па подоцна ќе почувствувате замор.
 
 
Мошне важно е да ја адаптирате програмата за вежбање на температурата надвор. Кога температурите се неподносливи одберете полесни кардио вежби бидејќи температурата ќе надомести за полесниот интензитет на вежбата.
 
Летниот дождец е идеален за вежбање бидејќи не е ништо како есенските дождови проследени со грмотевици, молња и настинки.
 
Не се советува премногу да се форсирате во лето. Наместо една долга сесија вежби одлучете се за две пократки со помал интензитет или една пократка со поголем интензитет.
 
Пијте вода во текот на целит ден, а не само кога вежбате. Постојано пијте вода, но не се налевајте туку гледајте да внесувате по неколку голтки секои 20на минути.

Коментирај