Интернет

Како рекламите на интернет ве следат насекаде?

14. јуни 2018 - 9:33 | К.З.

Рекламите на интернет не почитуваат никаква приватност и најчесто можат да ви предизвикаат илузија дека ви ги читаат мислите. Не можат да читаат мисли, но можат да ве следате насекаде, каде и да одите, и тоа на неколку начини.

Експертот за технологија Крис Јиу реши на неговиот Twitter профил да објасни 14 различни начини на кои рекламите на интернет можат да ве следат насекаде дури и кога ќе се исклучите од социјалните мрежи, кога ќе отворите инкогнито таб или ќе користите нов уред.

Најосновниот начин е кога пребарувате на вашиот интернет пребарувач. Да речеме дека пребарувате преку Google и веднаш впишувате некоја веб-страна или пак барате конкретен производ. Тоа му помага на Google да креира ваш профил кој ги памти сите ваши пребарувања и потоа преку вашите интереси ви предлага реклами кои смета дека ќе сакате да ги погледнете.

Една работа која скоро сигурно не сте ја знаеле е дека интернет рекламите ве следат и преку секоја веб-страна која го има интегрирано Facebook на неа. Ако го видите Like копчето некаде на страната која ја посетувате, тогаш знајте дека и во тој момент сте следени. Податоците кои ги содржи таа веб страна подоцна се префрлаат на Facebook, па со вашето следно логирање на оваа социјална мрежа веќе се активираат рекламите кои се таргетирани кон вас.

Постои начин на кој можете да го намалите квантитетот на информации кои им ги пружате на креаторите на интернет реклами, но тоа вклучува деактивирање на ID на вашиот телефон. Таа можност постои за сите Apple, Android и Windows телефони и нема целосно да ги отстрани рекламите од вашиот екран, но барем ќе направи да емитувате помалку информации.

За жал, не постои начин на кој целосно можете да излезете од вртлогот на интернет реклами бидејќи Facebook и Google собираат податоци за вашите пребарувања и активности на интернет дури и ако немате направено личен профил.

Коментирај