Живот

Кање Вест на мета на исмејување поради дизајн на нови пластични папучи

21. април 2018 - 11:40 | М.Д.

Раперот Кање Вест неколку пати досега ги тестираше своите способности во дизајнерскиот бизнис, а негов нов моден подвиг се папучи под назив Yeezy Slides. Меѓутоа, иако популарниот Американец се обиде да креира практични папучи, тоа наиде на мета на критики и исмејување.

Yeezy Slides се папучи кои ги креираше Кање во соработка со модната куќа Adidas, со која веќе со години соработува.

Yeezy се ограничена верзија која се состои од уникатни чизми изработени од модерни и едноставни материјали. Сега, на колекцијата им се придружија и нови Yeezy папучи.

Кање ги креираше Yeezy Slides папучите за сите мажи кои не сакаат сандали, а не сакаат да изгледаат несериозно во Јапонки.

Откако раперот сподели фотографија на Twitter, оваа социјална мрежа ја преплавија негативни коментари и исмејување на сметка на Кање.

Многумина, овие Yeezy папучи ги споредија со сини гумени бонбони во облик на ајкула.

Не е познато кога овие папучи ќе се најдат во продажба и колку ќе изнесува нивната цена на пазарот.

Коментирај