Филм & ТВ

Кауција од милион долари за Вајнстин

25. мај 2018 - 18:36 | МИА

Њујорк,  25 мај 2018 (МИА) - Поранешниот холивудски филмски продуцент Харви Вајнстин, кој е обвинет за силување и сексуално злоставување, пуштен е денеска со кауција од еден милион долари.

Тој утрово и се предаде на полицијата во Њујорк, а потоа беше спроведен со лисици на рацете во суд во Менхетен, каде што е обвинет за силување и сексуално злоставување, и обвинувањата потекнуваат од два одделни случаи.

Вајнстин го негираше обвинувањето дека извршил сексуален чин без согласност на жена. Тој беше пуштен со кауција и барање да носи уред за следење, како и забрана за напуштање на Њујорк.

Повеќе од 70 жени го обвинуваат коосновачот на студијата „Мирамакс“ и „Вајнстин ко“ за сексуално вознемирување, вклучувајќи и силување, а некои обвинувања датираат и од пред повеќе години.

„Случајот Вајнстин“ беше повод за ангажирање на движењето #MeToo, па стотини жени почнаа јавно да обвинуваат моќни бизнисмени, владини претставници и луѓе од светот на забавата за злоставување.

Коментирај