Живот

Кои места во авионите се најсигурни?

17. јули 2017 - 10:55 | Д.Л.

Стравот од летање во авион не е нешто необично. Без разлика дали станува збор за страв од висина или страв од авионска несреќа. Popular Mechanics објави истражување кое врз основа на статистички податоци покажува кои места во авионите се најсигурни.

Два критериуми

Истражувањето е базирано на 20 авионски несреќи кои во Америка се случиле од 1971 година па наваму. Користени се само 20 случаи, бидејќи требало да ги задоволат критериумите според кои:

- имало преживеани патници

- постои записник кој патник каде седел

Бројни стручњаци до тогаш наведувале дека сите места се подеднакво сигурни, односно опасни. Дека доколку дојде до дефект и несреќа, не е битно каде седите. Но, по бројни истражувања, го поделиле авионот на четири оддели: предниот (таканаречената бизнси класа), пред крилата, на крилата и задниот дел.

Во 11 од 20 анализирани случаи, преживеале патниците кои седеле позади.

Не е сè кристално јасно

Кај несреќите каде положбата на седењето на патниците била достапна, анализирани се шансите за преживување во различни делови од авионот.

Резултатите покажале дека најголем процент преживувања имаат патниците кои седеле во задниот дел и тоа дури 69%. Делот зад крилата имал 56% шанси за преживување, исто како и делот пред крилата. Патниците во бизнис делот (кој во авионите е првите 15% од седиштата) имале најмали шанси за преживување - само 49%. Само во четвртина од случаите оние кои седеле напред имале предност.

Во 1982 година, кога Air Florida имала несреќа во Вашингтон и кога Eastern 727 се срушил на аеродромот Kенеди во Њујорк во 1972 година, единствените преживеани седела во задните редови. Но, кога авионот United DC-8 останал без гориво во 1978, сите преживеани седеле во првите четири редови.

Дека ситуацијата не е баш кристално јасна, говори и податокот за пет случаи во кои предност имале оние кои седеле понапред, во несреќи кои се случиле помеѓу 1988 и 1992 година.

Коментирај