Тенис

Која е новата шампионка на Вимблдон, Гарбиње Мугуруса?

17. јули 2017 - 16:01 | А.С.

Моќната тенисерка го освои Френч Опен лани, а годинава го освои Вимблдон против Венус Вилијамс.

Габриње е родена во Каракас, Венецуела на 8 октомври, 1993 година.

Мајка ѝ Скарлет Бланко е од Венецуела, а татко ѝ Хосе Антонио Мугуруса е Шпанец и Гарбиње има двојно државјанство.

Со нејзините 23 години Гарбиње досега има постигнато многу во светот на професионалниот тенис. Има одиграно речиси 300 натпревари на професионално ниво и има заработено 11.128.219 долари во текот на нејзината кариера.

Почнала да игра тенис на три години, а во 1999 година со семејството се преселила во Шпанија.

Нејзините постари браќа исто така играле тенис и таа вели дека поради нив се заљубила во тенисот.

Досега има освоено две Грен слем титули, беше втора на Вимблдон во 2015 година кога изгуби од другата сестра Вилијамс, Серена.

Таа е втора тенисерка со шпанско државјанство која го освоила Френч Опен.

Беше рангирана на 14. место, но тоа ќе се смени со победата на Вимблдон.

Претходно најдобро била рангирана во јуни, 2016 година, на второто место.

Коментирај