Живот

Кралицата Елизабета наполни 92 години: Од воена принцеза до долговечен владател

21. април 2018 - 13:23 | М.Д.

Кралицата Елизабета денеска го прославува својот 92 роденден, со што таа е најдолговечниот британски владател, а како што покажуваат статистиките нејзината популарност е на највисоко ниво од било кога. Дури 76 отсто од Британците имаат позитивно мислење за неа, а таа воедно е и 329 најбогата личност во земјата со имот вреден 360 милиони фунти.

Кралицата Елизабета е родена во Лондон на 21 април 1926 година, таа образованието го завршила во кралската палата, заедно со помладата сестра Маргарет.

Таа наследничка на престолот стана во 1936 година, кога нејзиниот татко го презема тронот.

За да ја подготват за должностите кои и следуваат, луѓето од дворецот почнале да ја учат уметност, историја, музика и јавање. Првиот јавен настап го имала во 1940 година на само 14 години.

Во 1947 година се омажила за Филип Моунтбатен, кој беше морнарнички официр со данско, грчко и германско кралско педигре. Младата принцеза Елизабета, веќе мајка на принцот Чарлс и принцезата Ана, станува кралица на 25 години после изненадната смрт на својот татко во 1952 година.

Периодот кој следуваше по Втората светска војна, односно до крајот на 20 век беше најтешкиот период во текот на нејзиното владеење.

Дворецот Виндзор за малку можеше да изгори, се распадна и бракот меѓу Чарлс и Дијана, а „народната принцеза“ подоцна ќе почине во сообраќајна несреќа во Париз.

Во однос на нарушеното здравје на 96-годишниот принц Филип, повеќето од настаните во последните години таа мораше да ги одработува сама.

Кралскиот пар лани прослави 70 годишнина брак.

Коментирај