Фудбал

Кутињо нема цена, Ливерпул одби 125 милиони евра

19. август 2017 - 13:25 | Макфакс

Фудбалскиот клуб Ливерпул ја одбил и третата понуда од Барселона за Фелипе Кутињо „тешка“ 125 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.

Барселона очајнички се обидува да најде замена за Нејмар, кој за рекордни 222 милиони евра се пресели во ПСЖ. Изборот е Бразилецот, но Ливерпул, нема намера да го продаде.

Кутињо (25), наводно ги договорил личните услови со Барселона, преку електронска пошта побарал од клубот да биде продаден, но Ливерпул ја одби и оваа понуда.

Бразилскиот репрезентативец се опоравува од повредата на грбот и не настапи на последните две средби за клубот од „Енфилд“.

Коментирај