Фудбал

Ла Лига се заканува со затворање на „Камп Ноу“ за навивачите

20. ноември 2017 - 20:19 | М.Д.

Од октомври се врши притисок на Барселона од врвот на Ла Лига, а „Камп Ноу“ во најлошо сценарио би можел да се претвори во „стадион на духови“.

Наместо стотици илјади луѓе на секој натпревар, Барселона во иднина би можела да ја следат редари и помошниот персонал на еден од најголемите светски стадиони.

Барем така се чини после најновите изјави на претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Хавиер Тебас.

Тебас сугерираше дека Камп Ноу ќе биде затворен за навивачите, ако се продолжи навредливото скандирање на публиката која доаѓа на натпреварите на каталонскиот гигант.

Барса и против Лас Палас играше пред празни трибини на денот кога речиси до самиот почеток на натпреварот не се знаеше дали ќе биде одигран или не.

Тој натпревар се поклопи со каталонскиот референдум за независност.

„Навредливи скандирања како „Проклета Шпанија, Андалузија или Каталонија“, прецизираше Тебас.

„Може ли „Камп Ноу“ да биде затворен како казна? Да, секако. Постапката се сведува на тоа Комитетот за натпреварувања да одлучува околу причините за казна, а Административниот суд заклучува, па потоа казните можат да бидат изречени. Секако, затворањето на стадионот не е единствена опција, но е една од построгите мерки“, вели Тебас.

Меѓутоа, Тебас додаде дека нема толку строго да се гледа на скандирањето кое се однесува само за независноста, но не и за поттикнувањето на насилство.

Коментирај