Авто новости

Легендата од 80-тите: Mercedes 190

6. јули 2017 - 12:50 | Д.Л.

Појавата на Mercedes 190, кој во тој момент беше основниот модел во гамата, означи пресврт за германскиот производител.

Mercedes 190 е предок на денешната С класа. На почетокот на 1980-тите, кога стапи на сцена, во компанијата уште не размислувале за производство на автомобил од пониските класи.

Со обзир на тоа дека првата А класа се појави дури во 1997 година, Mercedes 190 до неговото повлекување беше најпристапниот и најмалиот модел во понудата.

И беше претставен на автомобилската публика во ноември 1982 година, а еден месец подоцна почна сериското производство за пазарот.

Последниот примерок е направен во април 1993, а во периодот од 11 години, произведени се вкупно 1.874.668 автомобили.

Зошто беше значаен?

На почетокот од 80-тите, Mercedes веќе доцнеше зад конкуренцијата во сегментот на компактни премиум возила, кој го сочинуваа возила како BMW Серија 3,  Audi 80 или Saab 900.

За да ги престигне ривалите, Mercedes вложи преку 600 милиони долари во развој на компактниот автомобил, што во тоа време беше огромна сума. Резултатот беше инженерски извноредно конструирано возило, кој преку ноќ стана големиот продажен адут на Mercedes во Европа.

Многу купувачи, кои претходно не можеле ни да сонуваат за купување на некој Mercedes, сега можеа да си го дозволат моделот кој и покрај тоа што припаѓаше на пониската класа, беше исклучително квалитетен.

Mercedes 190 помеѓу другото имаше и опционални воздушни перничиња и АBS. По неколку години експлоатација, 190-ката се покажа како исклучително квалитетен автомобил, а бројни дизел 190-ки поминуваа и повеќе од 500.000 километри без поголеми поправки.

Коментирај