Свет

Лидерите на Северна и Јужна Кореја се сретнаа за да разговараат за САД

26. мај 2018 - 14:54 | К.З.

Ким Џонг Ун и Мун Џае Ин се сретнаа само неколку дена откако Доналд Трамп го откажа планираниот самит со лидерот на Северна Кореја. Двајцата претседатели разговараа за потенцијалниот самит помеѓу САД и Северна Кореја.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин ја премина границата и пристигна во севернокорејското село Панмунџон за да се сретне со Ким Џонг Ун, за првпат откако минатиот месец двајцата ја имаа првата заедничка средба.

Изненадувачкиот состанок беше одржан поради напорите на Џае Ин да издејствува средба помеѓу Доналд Трамп и неговиот севернокорејски колега, со цел да се решат проблемите и да се „испеглаат“ односите помеѓу САД и Северна Кореја. Ова покажува дека, изненадувачки, односите помеѓу Северна и Јужна Кореја се подобри отколку оние помеѓу САД и Северна Кореја.

Доналд Трамп изјави дека очекува самитот со неговиот севернокорејски колега да се случи на 12 јуни.

Коментирај