Љубов и секс

Љубовна приказна: Ја спасил од Аушвиц и останале заедно 70 години

11. јули 2017 - 14:01 | А.С.

Кога Џон Мекеј бил војник на 23 години и ја спасил 20-годишната Едит Стајнер од Аушвиц во 1944 година, никој од нив не претпоставувал дека ќе го поминат остатокот од животот заедно.

Џон бил дел од шкотската единица командоси кои ја ослободиле Едит и многу други заробеници од ужасот на логласениот концентрационен логор.

Едит била заробеничка во Аушвиц во периодот кога таму дејствувал Јозеф Менгеле, познат како Ангелот на смртта, злогласен офицер на СС и доктор познат по неговите садистички експерименти.

Таа е родум од Унгарија и изгубила 39 членови на семејството во Холокаустот од кој преживеале само таа и мајка ѝ. На забавата по повод ослободувањето, Џон испратил пријател да ја замоли Едит за танц со него, но таа го вратила стројникот и му порачала дека ќе танцува со неа само ако тој дојде лично да ја замоли.

Собрал храброст и ја поканил за танц, а тоа бил почетокот на нивната љубовна приказна што трае повеќе од 70 години.

Се венчале на 17 јули, 1946 година и откако се вратиле во Шкотска, Едит и Џон го отвориле хотелот Atholl Arms во Питлорхи, а потоа се пензионирале во Данди.

Имаат две деца, Шерон и Питер, а годинава го прославија 71. Ден на заљубените заедно. За жал, Едит почина неколку недели пред годишнината од свадбата, на 92 години.

Коментирај