Фудбал

ЛШ: Дортмунд против Тотенхем, Наполи мора да го совлада Шахтјор

21. ноември 2017 - 8:42 | М.Д.

ПСЖ, Баерн Минхен, Манчестер Сити и Тотенхем се единствените четири екипи кои во 5 коло од групната фаза влегуваат како сигурни патници во осминафиналето, додека Манчестер Јунајтед, Базел, Рома, Челзи, Јувентус, Севиља, Ливерпул, Шахтјор, Бешикташ, Порто и Реал Мадрид се клубови кои вечерва и утре можат да им се приклучат.

Севиља, Ливерпул, Шахтјор, Бешикташ, Порто и Реал се екипите кои вечерва настапуваат и на кои победа, односно бод им се доволни за сигурен пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Првиот натпревар на денешниот распоред е закажан за 18:00 часот, а играат Бешикташ и Порто односно Спартак Москва и Марибор, додека преостанатите средби се играат во стандардниот термин од 20:45 часот.

Во текот на претходните четири кола постигнати се 204 погодоци, што е 3.19 голови по натпревар.

Најдобар стрелец досега во најелитното европско натпреварување е Кристијано Роналдо со шест постигнати голови, а го следи Хари Кејн од Тотенхем со пет погодоци.

Сите натпревари кои не очекуваат вечерва:

Севиља – Ливерпул

Спартак Москва – Марибор

Манчестер Сити – Фејнорд

Наполи - Шахтјор

Бешикташ – Порто

Монако – РБ Лајпциг

Борусија Дортмунд – Тотенхем

АПОЕЛ – Реал Мадрид

Коментирај