Фудбал

Лукаку го раскина договорот со Рајола, негов нов менаџер е Џеј-Зи

21. април 2018 - 10:02 | М.Д.

Напаѓачот на „Црвените ѓаволи“, Ромелу Лукаку, го раскина договорот со најпознатиот фудбалски менаџер на светот Мино Рајола.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед одлучи да направи нов чекор во својата кариера, односно реши да потпише за менаџерската агенција Roc Nation Sports, чиј сопственик е славниот рапер Џеј-Зи.

Џеј-Зи сега има двајца врвни фудбалери во својата агенција, откако од неодамна потпиша договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Џером Боатенг.

Мино Рајола, така, остана без една од своите најголеми ѕвезди, но тоа и не е преголем проблем за него бидејќи тој се уште соработува со играчи од типот на Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Џанлуиџи Донарума, Марко Верати и многу други.

Коментирај