Регион

Македонски туристи заглавени во поплавите во Грција

17. јули 2017 - 21:08 | Кaјгана/Макфакс

Во силното невреме, проследено со дожд и силен ветер, што го зафати северниот дел од Грција, заглавени се и македонски туристи.

Некои од нив на социјалните мрежи бараат помош за сместување, објавувајќи статуси, фотографии и видеа за состојбата во која се наоѓаат.

Грчки медиуми објавија инсерти од поројни дождови, што ги зафатија меѓу останатите и Лепотокарија, Парајлија, Неа Врасна, Парга, Ханиоти, Пефкохори, Трикали и Торони. Температурата во одделни места била околу 15 степени Целзиусови.

Во дел од градовите од одделни хотели се евакуирани туристи, меѓу кои и од хотел на Ситонија, каде денеска се евакуирани поради река, која се излеала од коритото и го поплавила целото подрачје.

Грчките медиуми јавуваат дека на патиштата во тој дел од државата има одрони и сообраќајот се одвива отежнато.

Коментирај