Бизнис

Маск, време е за паника – на „Tesla“ ѝ требаат милијарди за да преживее

19. мај 2018 - 13:00 | А.С.

На компанијата „Tesla Motors“ ќе ѝ бидат потребни дополнителни 10 милијарди долари во наредните две години за плановите за ширење во Кина, но и за преживување, сметаат аналитичарите на „Goldman Sachs“.

Опциите за собирање средства се нови обврзници, конвертибилни обврзници и слично, но секоја од тие опции има маана, велат експертите на банката.

„Гледаме неколку опции што ѝ се достапни на компанијата за да може долгорочно да се задолжи, што ќе ѝ помогне да ги финансира своите цели“, вели аналитичарот Дејвид Тамберино.

Меѓутоа, издавањето на тие обврзници може да се одрази на кредитниот профил на компанијата, што потенцијално би се одразило на сегашните акционери.

Само во изминатата година, „Tesla“ изгуби над 2 милијарди долари. Компанијата губеше над 6.500 долари во минута и потребни ѝ се уште две милијарди долари за да ја преживее тековната година, проценува „Blumberg“.

Коментирај