Останати спортови

Мејведер победи во „борбата на векот“

3. мај 2015 - 10:08 | Макфакс

Флојд Мејведер на поени го победи Мани Пакјао во „борбата на векот“ како што беше наречен нивниот меч во Лас Вегас и ги обедени титулите во велтер категорија.

Американецот Мејведер победата ја однесе со едногласна одлука на судиите 118-110, 116-112, 116-112 и стигна до титулите светски првак во велтер категорија во верзиите WBO, WBA, WBC и The Ring. Исто така 38-годишниот Мејведер остана непоразен во професионалната кариера забележувајќи ја 48-та победа.

За разлика од Мејведер, Пакјао го забележа шестиот пораз во профи кариерата во својот 65-ти меч.

Како што се превидуваше Мејведер клучната предност ја направи со одличната дефанзива, а кога напаѓаше беше далеку поопасен од противникот.

Мејведер погоди 146 од 435-те удари, додека тој однос кај Пакјао е далеку полош (81-429).

Инаку самиот меч беше далеку од „борбата на векот“, иако имaше неколку одлични моменти. Сепак свирежите кои ги доби Мејведер за време на победничкиот говор доволно говорат какво е мислењето на публиката за оваа борба.

Коментирај