Хроника

На 6 декември судење за злоупотребите при изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид

20. ноември 2017 - 13:54 | Макфакс

Кривичниот суд за 6 декември закажа судење за предметот „Траекторија“ на специјалното јавно обвинителство, во кој се обвинети експремиерот Никола Груевски и ексминистрите Миле Јанакиески и Владимир Пешевски за злоупотреби при изградбата на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Освен нив, во случајот е обвинет и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Тие се осомничени за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Тие се обвинети дека во 2012 и 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници ги пречекориле и искористиле своите овластувања.

Со тоа нанеле штета на Буџетот од најмалку 155.117.172 евра.

Коментирај