Тенис

На Шарапова поради измама ѝ се заканува затворска казна од седум години

21. ноември 2017 - 9:28 | М.Д.

Овој пат станува збор за недвижности во Индија.

Марија Шарапова помина низ кошмар после суспензијата поради допинг, но во текот на пролетта се врати на терен и свртe нов лист во својата кариера.

Меѓутоа, оваа недела пред неа се појави уште еден проблем и тоа голем.

Магазинот „Times of India“ објави дека полицијата официјално добила докази кои ја обвинуваат тенисерката за „измама и криминално дејство“ околу продажба на луксузни станбени објекти во Индија и ако биде осудена и се заканува казна  до седум години затвор.

Нејзиниот луксузен проект „Ballet by Sharapova “ требало да биде завршен до 2016 година, но никогаш не бил ниту започнат, што не ја спречило тенисерката агресивно да го промовира.

Се пренесува и дека ги „намамила“ потенцијалните купувачи и дека е виновна за „активности кои се поврзани со измама“.

Таа ќе се појави на судот повторно на 23 ноември, а може да биде осудена на затворска казна во траење од седум години.

Коментирај