Филм & ТВ

Најдобрите хорор филмови според Rotten Tomatoes

19. јуни 2018 - 14:36 | М.Д.

Rotten Tomatoes ја објави својата листа од 100 најдобри хорор филмови на сите времиња, а филмот „Get Out“ од 2017 година се најде на првото место.

Филмот „Get Out“ од 2017 година од страна на критичарите на сајтот Rotten Tomatoes е прогласен за најдобар хорор филм на сите времиња.

Психолошкиот трилер и хоророт кој го потпишува режисерот Џордан Пил, од премиерата на минатогодишниот Санденс фестивал ја освои публиката, односно успеа и сега на овој сајт за филмови да добие 90 отсто позитивни рецензии.

На второто место на листата која можете да ја најдете на сајтот Rotten Tomatoes, се најде хоророт „The Cabinet of Dr. Caligari“ од 1995 година, а веднаш зад нив следуваат култните филмови „Psycho“, Nosferatu: A Symphony of Horror“ и „King Kong“.

Шести по ред е „Repulsion“ од 1965 година, потоа во топ 10 следуваат уште и „The Bride of Frankenstein“ на седмото место, па „Babadook“ на осмото, „Rosemary’s baby“ на деветтото и „Frankenstein“ на десеттото место.

Коментирај